• понеделник, 23 декември 2024

Во Кавадарци обука за млади да користат машини за реупотреба на мебел 

Во Кавадарци обука за млади да користат машини за реупотреба на мебел 

Кавадарци, 21 октомври 2023 (МИА) -  Во Кавадарци започна обука за млади да користат машини за реупотреба на мебел, со цел намалување на цврстиот отпад и заштита на животната средина, информираше денеска Роберто Паризов, претседател на регионалното еколошко друштво ,,Еко - живот". 

- Започнавме со обуката за безбедно ракување со столарски и слични машини која се спроведува во склопот на проектот „Примена на позитивни еколошки практики за намалување на негативното влијание на цврстиот отпад врз животната средина и глобалното затоплување“,  финансиран од Програмата за мали грантови (ПМГ) на Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ), а спроведуван од НВО ,,Еко - живот" Кавадарци и од СОУ „Ќиро Спанџов Брко", соопшти Паризов. 

Обуката ќе се спроведува во период од шест недели, еднаш неделно, во текот на месец октомври и ноември 2023 година. свд/дма/


Фото : ,,Еко - живот"

Остани поврзан