Во Кавадарци започна изградба на Дневен центар за лица од ранливи категории
- Во Кавадарци започна изградба на Дневен центар за лица од ранливи категории на граѓани, информираа денеска од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.
Кавадарци, 20 февруари 2023 (МИА) - Во Кавадарци започна изградба на Дневен центар за лица од ранливи категории на граѓани, информираа денеска од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.
- Општина Кавадарци започна со изградба на објект на улицата ,,7 Септември'', што ќе функционира како Дневен центар за лица од ранливи категории на граѓани. Вредноста на овој проект е 6.332.282,77 денари со ДДВ, од кои 35 проценти се средства од Бирото за регионален развој, а 65 отсто од буџетот на кавадаречката локална самоуправа, соопштија од кабинетот на Јанчев.
Изведувач на работите е компанијата ,,Градба промет". свд/дма/