• среда, 03 јули 2024

Во Израел и ултраортодоксните Евреи ќе служат воен рок

Во Израел и ултраортодоксните Евреи ќе служат воен рок

Тел Авив, 25 јуни 2024 (МИА) – Врховниот суд на Израел одлучи дека ултраортодоксните Евреи мора да служат во вооружените сили.

Таквата одлука може да доведе до пад на Владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху, која вклучува и партии кои ја претставуваат израелската ултраортодоксна заедница.

Според долгогодишниот договор, ултраортодоксните мажи беа ослободени од воена служба, која е задолжителна за повеќето мажи и жени во Израел. Овој исклучок долго време беше извор на гнев меѓу секуларните кругови во Израел. Поделбата, исто така, се продлабочи како напредуваше војната во Појасот Газа. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан