• понеделник, 15 декември 2025

Во израелските напади врз Појасот Газа загинаа најмалку 72 луѓе

Во израелските напади врз Појасот Газа загинаа најмалку 72 луѓе

Газа, 19 јуни 2025 (МИА) – Палестинската Цивилна одбрана соопшти дека во денешните израелски напади загинале 72 луѓе, од кои 21 човек биле убиени додека чекале хуманитарна помош.

- Шест лица се убиени додека чекаа помош во близина на Кан Јунис, во јужниот дел на Појасот Газа, а 15 во коридорот Нецарим, централниот дел на Газа, каде илјадници луѓе секој ден доаѓаат надевајќи се дека ќе добијат храна, изјави портпаролот на Цивилната одбрана Махмуд Басал.

Тој додаде дека 51 човек загинале во девет израелски напади во градот Газа и во северниот дел на палестинската енклава. ми/

фото: ДПА

Остани поврзан