Во израелските напади во Газа загинале 22.313 луѓе, 128 во последните 24 часа
- Министерството за здравство на палестинскиот Хамас денеска соопшти дека 22.313 лица загинале во израелските воени операции во Појасот Газа од почетокот на војната на 7 октомври.
Газа, 3 јануари 2023 (МИА) - Министерството за здравство на палестинскиот Хамас денеска соопшти дека 22.313 лица загинале во израелските воени операции во Појасот Газа од почетокот на војната на 7 октомври.
Најмалку 128 лица загинале во последните 24 часа.
Министерството објави и дека од 7 октомври досега се ранети 57.296 лица.
По нападот на Хамас во октомври, Израел објави дека има две цели, да го уништи Хамас и да ги ослободи заложниците што ги држат екстремистите во Газа.
Фото: МИА архива