• петок, 22 ноември 2024

Во изминатите 24 часа во Газа загинале 46 Палестинци, од почетокот на војната 36.096 

Во изминатите 24 часа во Газа загинале 46 Палестинци, од почетокот на војната 36.096 

Газа, 28 мај 2024 (МИА) - Министерството за здравство во Појасот Газа денеска соопшти дека најмалку 46 Палестинци се убиени во изминатите 24 часа, како и дека бројот на жртвите на територијата за време на повеќе од седум месеци војна достигна 36.096, пренесуваат израелските медиуми.

Министерството, исто така, истакна дека во болниците низ Газа биле идентификувани околу 24.000 од овие наведени жртви.

Во соопштението на палестинското министерство се додава дека од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас, на 7 октомври лани, во Газа биле ранети  81.136 лица.

Израелските медиуми наведуваат дека билансот на загинатите, што не може да се потврди, вклучува околу 15.000 „терористички оперативци“ за кои Израел вели дека биле убиени во борбите.

Израел, исто така, тврди дека околу 1.000 екстремисти биле убиени во Израел на 7 октомври и дека 288 војници биле убиени во копнената офанзива против Хамас и во операциите долж границата со Газа. сд/

фото;МИА архива

Остани поврзан