• недела, 19 мај 2024

Во завршна фаза реконструкцијата на детско игралиште во Миладиновци во општина Илинден

Во завршна фаза реконструкцијата на детско игралиште во Миладиновци во општина Илинден

Скопје, 19 мај 2023 (МИА) - Во тек е целосна реконструкција на детското игралиште во населеното место Миладиновци, која е во завршна фаза. Во рамки на игралиштето поставени се детски реквизити, нишалки и лизгалки, поставена е гумирана подлога, клупа, канти за отпадоци за почиста и поубава средина.

Во наредните денови, соопштија од Општина Илинден, ќе се санира и оштетената заштитна ограда на детското игралиште.

Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски го посетил детското игралиште и истакнал дека со реконструкцијата на ова детско катче и децата од Миладиновци ќе добијат убаво и безбедно место за игра и забава, каде ќе можат да го поминуваат слободното време.

Во наредниот период Општина Илинден ќе изврши реконструкција и на детските игралишта во останатите населени места, со цел да се добие уреден простор за рекреација и забава на најмладите во општината. цр/нд/

Фото: МИА

Остани поврзан