• вторник, 24 декември 2024

Во еко-акција покрај Вардар во Велес собрани пет кубни метри отпад

Во еко-акција покрај Вардар во Велес собрани пет кубни метри отпад
Велес,5 јуни 2021 (МИА) - Стотина граѓани меѓу кои претставници на еколошки здруженија, членови на ЗГ „Акцијаш “, вработени во ЈКП „Дервен“, членови на Советот на Општина Велес, денеска учествуваа во акцијата за чистење што ја организираше Општина Велес во рамки на одбележување на Светскиот ден на животната средина - 5 јуни. Од општината информираат дека во акцијата беа собрани пет кубни метри отпад. Од локалната самоуправа потенцираат дека како и досега, Општина Велес и во иднина ќе продолжи да организира вакви и слични еколошки акции, со цел обезбедување на чиста и здрава животна средина.ад/фф/

Остани поврзан