• среда, 25 декември 2024

Во Едукативниот центар во пехчевско Негрево отворена манифестацијата Форест Фест

Во Едукативниот центар во пехчевско Негрево отворена манифестацијата Форест Фест
Пехчево, 19 август 2022 (МИА) - Во Едукативниот центар во село Негрево отворен е дводневниот настан Форест Фест. Активноста е во организација на Националното здружение на сопственици на приватни шуми со поддршка од Општините Берово и Пехчево и Програмата за рурален развој.
Државниот советник при МЗШВ, Трајан Димковски кој ја прогласи манифестацијата за отворена, рече дека МЗШВ преку Програмата за рурален развој  поддржува 50 манифестации од ваков карактер во државата со вкупен буџет од околу 100.000 евра.
-Денеска ова е една манифестација каде што се промовираат и се застапуваат интересите на сопствениците на приватни шуми во однос на она како ние сето тоа можеме финансиски да го поддржиме во иднина. Секако се надевам дека тоа ќе биде традиционално и секако ќе ја имаат нашата поддршка и понатаму при креирање нови мерки и политики кои би значеле подобрување на условите за стопанисување и давање на значење токму на сопствениците на приватни шуми, рече Димковски.
Претседателот на Националното здружение на сопственици на приватни шуми Војо Соколовски рече дека Форест Фест како манифестација ќе продолжи да ги промовира и ги афирмира потребите на сопствениците на приватни шуми.
-Манифестацијата секогаш ја организираме тематски. Оваа година тема ќе биде Превенција и заштита од пожари но и санација на опожарени површини како на резултат на огромни пожари на територијата на Пијанец и Малеш, од каде и доаѓаат учесниците на Форест Фест и на некој начин да поразговараме за тие искуства и практики кои ги имавме доживеано со цел да не се повторат. Можевме да видиме како гори и Европа оваа година, но факт е дека мора да се припремиме, климатските промени се фактор кој дефинитицно е незаобиколив, така да сето тоа многу негативно влијае на појавата од пожари и како што реков за таквата работа ќе треба во иднина да се припремаме малку повеќе, рече Соколовски.
Според помошник директор во ЈП ,,Национални шуми" Николчо Киров тематиката која е опфатена во рамки на работилниците на Форест Фест е во склоп со настаните што се случија минатата година, како дек од заштита на шумите од пожари и превенција од пожари.
-Самите дискусии и самите презентации сметам дека ќе допринесат за подобро изнаоѓање на соодветно решение како би и што би преземале понатаму во однос на пошумувањето и санацијата на опожарените површини од аспект на ЈП ,,Национални шуми", рече Киров.
Во рамки на Форест Фест во текот на утрешниот ден ќе се реализира планинарско-велосипедска тура со посета на врвот Ченгино Кале во должина од 40 километри. вс/дма/

Остани поврзан