• петок, 22 ноември 2024

Во Дортмунд затворена фан зоната во пресрет на натпреварот Турција – Грузија

Во Дортмунд затворена фан зоната во пресрет на натпреварот Турција – Грузија

Дортмунд, 18 јуни 2024 (МИА) - Во Дортмунд затворена е фан зоната и јавната површина за гледање на натпреварот од првото коло на групниот турнир на Евро 2024 меѓу репрезентациите на Турција и Грузија, пишува порталот dortmund.de.

Одлуката е донесена поради тоа што е добиено предупредување за невреме. Германската метеоролошка служба предупреди на ризик од врнежи од дожд, молњи и силни ветрови во градот.

Навивачите без билети за натпреварот на стадионот беа повикани да останат дома. Градскиот претставник на Дортмунд за ЕП 2024, Мартин Зауер, истакна дека безбедноста на навивачите е приоритет за градските власти.

Натпреварот меѓу репрезентациите на Турција и Грузија ќе се игра попладнево на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ со почеток во 18 часот.

Европското фудбалско првенство се игра во Германија од 14 јуни до 14 јули. Десет германски градови се домаќини на турнирот. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан