• петок, 17 мај 2024

Во Делчево 850 избирачи гласале до 09:00 часот

Во Делчево 850 избирачи гласале до 09:00 часот

Делчево, 8 мај 2024 (МИА) – Во Делчево до 09:00 часот од вкупно 14.515 евидентирани избирачи за вториот круг од претседателските избори гласале 850 избирачи. Како што информираа од ОИК Делчево бројката е слична и за парламентарните избори на кои своето право на глас, од 14.569 граѓани до 09:00 часот го оствариле 852 избирачи.

- Се наоѓаме на избирачко место 573 каде имаме вкупно 652 гласачи за претседателски избори и 655 за парламентарни избори. На ова избирачко место до 09:00 часот излегле 42 гласачи, истакна Звонко Атанасовски, претставник на избирачкото место 573.

Слична е излезноста и на останатите избирачки места.

- Ова е избирачко место 576. Од вкупно 539 гласачи до 9 часот излезноста на ова избирачко место е 5,5 проценти, истакна Билјана Петровска, член на избирачки одбор.

Во Делчево гласањето на 36 избирачки места до 9 часот се одвива без никакви проблеми. вс/ир

 

Фото: МИА

Остани поврзан