• петок, 22 ноември 2024

Во Делчево отворена изложба на слики од 31-та меѓународна Лесновска ликовна колонија

Во Делчево отворена изложба на слики од 31-та меѓународна Лесновска ликовна колонија

Делчево, 26 март 2024 (МИА) - Во фоајето на Спомен дом АСНОМ во Делчево вечерва беше отворена изложба на слики од 31-та меѓународна Лесновска ликовна колонија. Во рамки на изложбата беа претставени 30 дела изработени од 17 автори учесници на колонијата.

-Во оваа прилика сакам да ја поздравам директорката на Дом на култура од Пробиштип која веќе втор пат ни овозможува оваа ликовна колонија да биде презентирана во нашиот град. Се работи за изложба со прекрасни дела насликани во разни техники кои љубителите на уметноста ќе можат да ги видат во наредните денови, истакна Љупчо Петровски, директор на Центарот за култура ,,Никола Јонков - Вапцаров" од Делчево.

На настанот присуствуваше и директорката на Домот на култура „Злетовски рудар” од Пробиштип, Сандра Мијалкова.

-Повторно пред граѓаните на Делчево се претставуваме со она што е еден од белезите на нашата општина Пробиштип, а тоа е Лесновската колонија која минатата година го одбележа 31- то издание. Со тек на годините колонијата прерасна во најреномираните изложби, веќе и Меѓународни. На 31-то издание на колонијата учествуваа 17 уметници од Србија, Бугарија Макеоднија и Данска кои работеа во акрил на платно, масло и спреј на платно и дрворез. Вечерва има 30 уметнички дела од врвни уметнички имиња, рече Мијалкова.

Изложбата на дела од Меѓународната Лесновска ликовна колонија се реализира со поддршка на Министерството за култура и истата ќе биде поставена во Делчево во наредните десетина дена. вс/вг/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан