• понеделник, 23 декември 2024

Во Делчево заврши проектот за зачувување на традиционалните културни вредности

Во Делчево заврши проектот за зачувување на традиционалните културни вредности
Делчево, 10 април 2022 (МИА) - Во Делчево заврши реализацијата на проектот „Да промовираме култура", кој го имплементираше Националната установа Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“. Во рамки на активностите, како што информираше координаторот Кристијан Трајановски, беа собрани поголем број ракотворби, донирани од граѓани на Делчево и околината. - Во изминатиот период успешно го реализиравме проектот „Да промовираме култура". Акцијата се состоеше од собирање на ракотворби, фути, шамии, тријади, волнени чорапи, рачно изработени ткаенини, се со цел нивно зачувување. Во акцијата се вклучија граѓаните на Општина Делчево на кои им се заблагодарувам во мое лично име и во името на Центарот за култура кои знаат да го ценат богатството на нашата традиција, рече Трајановски. Тој додаде дека Центарот за култура и понатаму ќе работи на зачувување на традиционалните вредности преку реализација на вакви проекти и во иднина. Директорот на установата Методи Толевски информираше дека една од активностите за промоција на Пијанечкиот фолклор е гостувањето на Меѓународниот фестивал во Турција, кој ќе се одржи во втората половина на месец април. - Со фолклорната група „Вапцаров“, што работи при Националната установа Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ - Делчево од 18.04 до 24.04.2022 година ќе земеме учество  на фолклорниот фестивал во Измир, Република Турција. Во програмата ќе имаме пет настапи во четири дена и веруваме дека на најдобар и најквалитетен начин ќе го презентираме пијанечкиот и македонскиот изворен фолклор, додаде Толевски. Претходно, Центарот за култура од Делчево реализираше активности со кои пред ученици од ОУ „Ванчо Прке“ им презентираше дел од својата работа на полето на културата. вс/сп/

Остани поврзан