• понеделник, 23 јуни 2025

Во Делчево второ коло од бокс лигата на Македонија

Во Делчево второ коло од бокс лигата на Македонија

Делчево, 4 мај 2025 (МИА) - Делчево и клубот за бокс и кик боксинг Тигар денес се домаќини на второто коло од првата и  младинската лига на Македонија во бокс. Денешниот спортски настан, како што истакна Мики Ивановски, од клубот домаќин е втор ваков настан кој по пауза од 7 години повторно се одржува во Делчево.

-Прв пат домаќини бевме во 2018 година, а денеска се одржува второто коло во сениорската и младинската лига. Ќе имаме вкупно 16 борби во младинска и прва лига. Се надевам дека ќе имам добри борби на задоволство на публиката, рече Ивановски.

На настанот присуствува и претседателот на Боксерската федерација на Македонија Кристијан Андреевски, кој додаде дека ваквите настани со поддршка на Министерството за спорт се одлична можност за промоција на овој спорт ширум градовите во Македонија.

-На жалост, но и за среќа прв пат сум во Делчево и тоа ми дава за право дека ќе доаѓам често. Благодарност за техничката поддршка на клубот на Мики и неговиот брат кои денека се задолжени за организацијата на настанот. Благодарност и за поддршката од Министерството за спорт со чија поддршка се надевам ќе го популаризираме овој спорт уште повеќе, рече Андреевски.

За клубот од Делчево денес ќе настапи младиот Андреј Пановски на кого денешната му е прва борба од почетокот на неговите тренинзи. вс/сст/

Фото: МИА

Остани поврзан