• понеделник, 01 јули 2024

Во Делчево во тек пријавување за Меморијалниот натпревар во спортски риболов

Во Делчево во тек пријавување за Меморијалниот натпревар во спортски риболов
Делчево, 4 септември 2021 (МИА) - Во Делчево во тек пријавувањето за Меморијалниот натпревар во спортски риболов. Организатор на настанот е Спортското-риболовно друштво ,,Брегалница", од каде информираа дека натпреварот ќе се одржи кон средината на месец септември.
-Правилата за учество се исти како и секоја година. Спортските риболовци ќе имаат на располагање две трски на дно или тапа по избор, при шти секој треба да поседува чуварка и кепче, информираа од СРД ,,Брегалница".
Упатија повик до сите заинтересирани да се пријават за натпреварот најдоцна до 18 септември 2021 година.
-Меморијалниот натпревар ќе се одржи на 19 септември 2021 (недела), со времетраење од 7 до 16 часот со симболично учество од 700 денари. Како и секоја година за првите три места ќе следуваат парични награди, додадоа од СРД ,,Брегалница".
Натпреварот како и секоја година ќе се одржи на езерскиот комплекс ,,Сандански" во близина на Делчево. вс/ац/

Остани поврзан