• среда, 03 јули 2024

Во Дебар повеќе склучени бракови од минатата година

Во Дебар повеќе склучени бракови од минатата година
Дебар, 23 септември 2021(МИА) - Во изминатиот период од годинава во матичната книга на венчани во Дебар запишани се повеќе бракови, споредено со истиот период минатата година. -Од почетокот на годинава до сега регистрирани се 128 бракови, наспроти 88 во истиот период минатата година. По традиција дури 80 отсто од оние кои го кажале судбоносното „да“ се во летниот период, поточно од јули до средината на август, кога се прават најмногу свадби, поради присуството на иселениците, изјави за МИА, Рудина Дема од секторот за бракови во Општина Дебар. Минатата година имало вкупно 114 бракови, во 2019 година биле склучени 125, а во 2018 година - 129 бракови. Статистиката потврдува дека лани имало најмала бројка на склучени бракови во последната деценија. По традиција во Дебар, свадбите и другите веселби почнуваат во мај кога доаѓаат иселениците од САД, а масовно се одржуваат во јули и август кога пристигнуваат и печалбарите од западноевропските земји и дневно има по најмалку 10 веселби во градот. Истата традиција е присутна и во општина Центар Жупа и Маврово и Ростуше - подрачјето на Долна Река. вт/бак/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан