• понеделник, 23 декември 2024

Во Дебарско расте интересот за трета доза вакцина, досега ја примиле над 240 лица

Во Дебарско расте интересот за трета доза вакцина, досега ја примиле над 240 лица
Дебар, 2 ноември 2021 (МИА) - Расте интересот за трета доза вакцина против Ковид-19 меѓу жителите на општините Дебар и Центар Жупа, која само денеска е аплицирана кај 64 лица, изјави за МИА Баки Алили, директор на дебарската Општа болница со проширена дејност. -Секојдневно расте бројот на оние кои доаѓаат во вакциналниот пункт, кој функционира во модуларната болница, сместена во дворот на нашата установа. Трета доза до сега е аплицирана кај над 240 граѓани од двете општини, а само денес кај 64. Сите тие примаат вакцина „Фајзер“. Имаме доволни количини и затоа апелирам до сите на кои им се дава ваква можност да ја искористат, бидејќи само на тој начин ќе обезбедиме колективен имунитет, рече Алили. Наспроти тоа, додава тој, видно е намален бројот на оние кои се јавуваат за прва доза, што можеби е разбирливо ако се има предвид процентот на вакцинирани со бројот на резидентното население. Во општините Дебар и Центар Жупа со две дози имунизирани се над 8.300 граѓани. Во вакциналниот пункт во Дебар две дози примиле над 7.100, додека над 1.200 лица се имунизирани во пунктови во Скопје и Охрид. вт/мд/

Остани поврзан