Во два чилеански региони прогласена вонредна состојба поради шумските пожари
- Претседателот на Чиле, Габриел Борич денеска прогласи вонредна состојба во два региони во јужниот дел на земјата зафатени од шумските пожари, при што загинаа 16 лица, а повеќе од 20.000 луѓе беа евакуирани, а најмалку 250 домови се уништени
Сантијаго, 18 јануари 2026 (МИА) – Претседателот на Чиле, Габриел Борич денеска прогласи вонредна состојба во два региони во јужниот дел на земјата зафатени од шумските пожари, при што загинаа 16 лица, а повеќе од 20.000 луѓе беа евакуирани, а најмалку 250 домови се уништени.
Агенцијата за шумарство на Чиле соопшти дека во земјата активни се 24 пожари, а најголеми се во регионите Нубле и Биобио, каде што Владата прогласи вонредна состојба. Регионите се оддалечени околу 500 километри од главниот град Сантијаго.
Во пожарите во Нубле и во Ниобио изгореа речиси 8.500 хектари земја, заканувајќи се на многу заедници во регионот, што ги натера властите да наредат евакуации. Гаснењето на огнот е отежнато од неповолните временски услови – силните ветрови и високата температура на воздухот.
Чиле и соседна Аргентина се погодени од екстремни температури и топлотни бранови од почетокот на годината. Претходно овој месец аргентинскиот регион Патагонија беше зафатен од големи пожари. ми/
фото: МИА архива