• недела, 22 декември 2024

Во Грција потврдени вкупно 72 случаи на мајмунски сипаници

Во Грција потврдени вкупно 72 случаи на мајмунски сипаници
Атина, 22 септември 2022 (МИА) – Во Грција се потврдени вкупно 72 случаи на мајмунски сипаници, три повеќе од минатата седмица, а сите се мажи на просечна возраст од 36 години, согласно седмичниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина. Потврдените случаи се на возраст од 19 до 61 година, а 20 од заразените (28 отсто) пријавиле патување во странство во периодот на инкубација на болеста. Од ЕОДИ соопштија дека случаите веќе оздравеле или оздравуваат во генерално добра клиничка состојба. Додаваат дека во Европа, од мај годинава, има зголемен број заразени со мајмунски сипаници, а до 20 септември биле регистрирани 24.256 случаи во 44 земји. Првиот случај во Грција беше регистриран на почетокот на јуни. ср/паг/

Остани поврзан