• понеделник, 23 декември 2024

Во гимназиите во Дебар и Центар Жупа 254 слободни места

Во гимназиите во Дебар и Центар Жупа 254 слободни места

Дебар, 21 август 2023 (МИА) - Во двете средни општински училишта „28 ноември“ во Дебар и „АТА“ во Центар Жупа, за вториот уписен рок, кој почна денеска има дури 254 слободни места за упис во прва година.

Тоа поради фактот што во двете пријавувања во првиот уписен рок предвидената квота пополнета е 26 отсто во дебарската, односно 22 отсто во гимназијата во Жупа.

-Во двете пријавувања од првиот уписен рок во нашата гимназија запишани беа 71 ученик, од нив 65 се за настава на албански и шест на македонски наставен јазик. Тоа значи дека за овој, втор уписен рок, слободни се вкупно 201 ученичко место. За настава на албански јазик слободни се 105, додека на македонски 96 места, рече за МИА, Рамадан Имери, директор на дебарската гимназија.

Според конкурсот на МОН, во оваа образовна установа право на упис имаа 270 завршени основци и тоа 170 во пет паралелки на албански и 102 во три паралелки на македонски наставен јазик.

Во гимназијата „АТА“ во Центар Жупа, каде предвидената квота од 68, односно две паралелки, со по 34 ученици, по една на македонски и на турски наставен јазик, пополнети се само 15 ученички места.

-Во двете пријавувања од првиот уписен рок во нашата образовна установа запишани се 15 завршени основци, од нив 10 за настава на турски и 5 на македонски наставен јазик. Тоа значи дека се слободни 24 места за паралелката на турски и 29 за паралелката на македонски наставен јазик, рече за МИА, Сабри Асан директор.

Во двете гимназии очекуваат бројот на запишаните да биде поголем во овој втор уписен рок, бидејќи дел од оние кои не успеале да се запишат во некое средно стручно училиште, тоа ќе го сторат тука.

Сепак имајќи ги во предвид бројките од минатите години и се помалиот број ученици во основното образование, повеќе од јасно е дека предвидената бројка нема да биде пополнета. вт/вј/

Фото: МИА архива

Остани поврзан