Во војната помеѓу Израел и Хамас загинаа повеќе од 45.000 луѓе
- Бројот на загинати во војната помеѓу Израел и Хамас се искачи над 45.000 луѓе, соопшти палестинското Министерство за здравство
Газа, 16 декември 2024 (МИА) – Бројот на загинати во војната помеѓу Израел и Хамас се искачи над 45.000 луѓе, соопшти палестинското Министерство за здравство.
Во соопштението се истакнува дека од почетокот на војната на 7 октомври минатата година загинале 45.028 лица, а повредени се 106.962 луѓе. Во вкупната бројка на загинати се регестрирани и војници и цивили, а над половината настрадани се жени и деца.
Израел тврди дека при минатогодишниот напад на Хамас, што ја иницира војната во Појасот Газа, загинаа околу 1.200 луѓе.
Додека според израелската армија (ИДФ) во војната во Појасот Газа загинале над 17.000 милитанти. ми/
фото: ДПА