• сабота, 19 октомври 2024

Во велешкиот театар прикажана претставата „Види летам“

Во велешкиот театар прикажана  претставата „Види летам“

Велес,18 октомври 2024 (МИА) - Вондерленд театар од Скопје во соработка со Младински Образовен форум (МОФ) и УНХЦР, Агенцијата на ОН синоќа на малата сцена на театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот во Велес ја изведе претставата „Види, летам!“. Проектот е во режија на Ивана Ангеловска, а под креативно водство на уметничкиот координатор Нела Витошевиќ. Во претставата настапија  актерите Никола Настоски, Исмет Шабановиќ, Ана Димитрова, Леонардо Лазов и Сара Спиркоска. Тие ја одушевиja велешката публика со силните пораки кои ги испрати претставата за лицата бегалци раселени насекаде во светот како и за  лицата беа дркументи, а кои за жал сеуште ги има и во нашата земја.

Како што информира за МИА, актерот Никола Настоски претставата се обидува да ја запознае публиката со искуствата на бегалците и лицата без извод од родените и други неопходни документи и државјанство, а  кои за жал сеуште ги има во нашата држава.

- Со доближување на овие важни човечки приказни кои се по вистинско искажување, претставата има за цел да придонесе кон подлабокото разбирање и поврзување со проблемите на овие лица во нашата заедница, а кои бидејќи не се заведени во книгата на родените и немаат извод од родените  не можат да се школуваат да добијат диплома да најдат работа да се венчаат и уште потрагично  не можат да ги пријават во матично ни своите родени деца бидејќи и тие немаат никакви документи, појасни Настоски.

Инаку претставата „Види летам“! ја црпи својата инспирација од анонимни сведоштва и автентични приказни на луѓе бегалци и лица беа извод и други документи и државјанство.

-Овие лица храбро ги споделија своите животни искуства за време на работилницата водени од тимот на Вондерленд театар.Нивните приказни се претставени во претставата,но разбирливо со други имиња.Со секоја изведба повеќе од една година претставата се надоградува бидејќи ние навистина ги интервјуиравме овие луѓе, вели Настоски.

Тој информира дека Вондерленд театарот од Скопје постои веќе 10 години и секогаш се труди да се занимава со општествено ангажирани теми.

-Бидејќи сметаме дека театарот ја има и таа одговорност да го разбудува општеството за сите работи кои не функционираат, потенцира Настоски.

Тој вели дека оваа претстава е дел од целата кампања за подигнување на  свесноста за проблемите на овие луѓе кои живеат околу нас,а  за кои ние и  не знаеме дека навистина постојат.

-За среќа токму во тој период пред година и нешто кога ни беше премиерата на претставата, луѓето кои ги снимавме за претставата  а кои беа без документи конечно и на голема радост и среќа  ги добија документите.Среќни сме и ние со нив што овие  наши сограѓани  почнуваат  да живее подобар и посреќен живот.Иако добивањето на документот само по себе не е решение на нивните проблеми, сепак е чекор напред во вистински правец за подобрување на нивните животи,наоѓање на работа дошколување и создавање на подобар живот за нив и нивните семејства,појасни Настоски.ад/

Фото: МИА

 

Остани поврзан