• сабота, 23 ноември 2024

Во Велес се одржа Meѓународен вински натпревар посветен на сортата „вранец“

Во Велес се одржа Meѓународен вински натпревар посветен на сортата „вранец“

Велес, 6 декември 2023 (МИА) - Во хотелот „Глориус“ кај велешко езеро „Младост“ денеска се одржа Меѓународен вински натпревар посветен на сортата „вранец“, на кој учествуваат во најголем дел македонски винопроизводители на оваа сорта ,како и винопроизводители од Србија, Косово, Црна Гора и Хрватска.

Натпрварот, на кој за оценка беа стотина мостри вина од сортата вранец од овие земји, ги оценуваат меѓународни вински судии експерти, а доаѓаат од 15 земји од светот како САД, Велика Британија, Италија, Бугарија, Грција, меѓу кои и по еден судија и од Србија, Хрватска, Словенија, Црна Гора. Од нашата земја е Елена Милошевска, интернационален вински судија на „Конкур Мундијал“, информира за МИА, Звонко Херцег, претседател на Македонската асоцијацијана сомелиери и иницијатор на овој настан, на кој домаќин е Асоцијацијата „Вина од Македонија“, додека организатор е „Конкур Мундијал Депресион“ еден од настарите вински натпревари во Европа. 

Резултатите од натпреварот ќе бидат соопштени в понеделник кога ќе бидат врачени и наградите „Гран голд“, златна сребрена и бронзена плакета за најдобри вина, според освените поени на натпреварот, појасни Херцег.

За МИА, Херцег појаснува дека тој како меѓународен судија на „Конкур Мундијал Депресион“ претставниците од оваа организација ги запознал со сортата „вранец“ и идејата да се промовира како значајна црна сорта грозје од кои се произведува црвено вино „вранец“ значајна за Р.С.Македонија  и на Балканот.

-Поради тоа и го направивме овој натревар во насока на промоција на самата сорта „вранец“ и вината „вранец“ од  македонскиот и Балканот како вински регион,а со што со голема радост беше прифатено од „Конкур Мундијал Депресион“.Една година по тој разговор тоа го реализираме од вчера денес и утре во Хотел Глориус“ кај велешко езеро „Младост“,потецнира Херцег.

Тој потенцира дека на овој натпревар освен од овој регион може да се јави и да учествува секој производител на вранец од цела Европа, па и светот.

Будоин Хавакс (Baudouin Havaux), претседател на „Конкур Мундијал Депресион“ и претседател на натпреварот, за МИА појаснува дека ова е промоција на вината од сортата „вранец“ не само од македонските виногорја, туку и од целиот Балкан,затоа што консументите на вино од светот се интересираат и за вина од други интересни сорти грозје и од други региони, а кои досега не ги пробале.

-Затоа што виното од сортата „вранец“ е посебно затоа се одлучив за организирање на овој настан од страна на „Конкур Мундијал Депресион“ чии натпревари секоја година се одржуваат во разни земји и региони во светот.Бидејќи жири се новинари од 15 земји во светот кои пишуваат во своите списанија и медиуми за виното,а со нивно запознавање на виното од сортата на грозје „вранец“ на овој настан тие потоа преку своите светски познати списанија за вина  ќе го запознаат светот со оваа сорта вино и Р.С.Македонија и со целиот Балкан како производител на оваа и други сорти квалитетни вина, потенира Хавакс.

Елена Младеновска Јеленковиќ, извршен директор на Асоцијацијата „Вина од Македонија“ информира дека тие пред пет години започнале со одбележување на „вранец“ како сорта  и  Светски ден на „вранецот“, што го започнале токму од нашата земја.

-Секоја година прогласуваме Амбасадори на „вранец“ а ова година за Амбасадор на „вранец“ го прогласивме Будоин Хавакс, претседател на „Конкур Мундијал Депресион“,бидејќи се заложи за да го организира овој натпревар и  да ни помогне во промоција на сортата и виното од сортата грозје „вранец“, појасни Младеновска Јеленковиќ.

Инаку, денеска присутните меѓународни судии за вино попладнево ќе ја посетат и Винаријата „Тиквеш“ и Винскиот музеј во Кавадарци, како и неколку семејни винарии во регионот на Повардарието. ад/цр

Фото:МИА

Остани поврзан