• петок, 22 ноември 2024

Во Вашингтон - фентанилот е најголемиот убиец меѓу опијатите, убивајќи 96 отсто од зависниците

Во Вашингтон - фентанилот е најголемиот убиец меѓу опијатите, убивајќи 96 отсто од зависниците

Вашингтон, 15 април 2024 (МИА) - Смртта од опијати во Вашингтон достигна рекордно високо ниво во 2023 година, при што фентанил е најсмртоносен меѓу сите опијатите, кој убива 96 отсто од жртвите, се вели во извештајот на главниот градски истражувач.

Во Вашингтон лани имало 518 смртни случаи поврзани со употреба на опијати, а во 2022 година имало 461 случај.

Само пет смртни случаи не се класифицирани како случајни, објави Вашингтон тајмс.

Тоа значи дека дрогата однела повеќе животи во округот Колумбија отколку убиствата минатата година, кои вкупно изнесуваа 274.

Главната причина за смртта е фентанил, синтетички опијат кој е најчеста причина за смрт кај зависниците од 2017 година. Фентанилот е 50 пати посилен од хероинот и 100 пати посилен од морфинот.

Во 2023 година, 504 луѓе починале од фентанил во Дистрикт Колумбија, односно 96 од вкупниот број на смртни случаи во градот.

Меѓу починатите 72 отсто се мажи, а од тој број 71 отсто се на возраст меѓу 40 и 69 години, а во 84 отсто од случаите станува збор за Афроамериканци. ссм/

фото: архива

Остани поврзан