• понеделник, 23 декември 2024

Во Битола се реконструира улицата „Рузвелтова“

Во Битола се реконструира улицата „Рузвелтова“
Битола, 12 март 2021 (МИА)- Се реконстуира улицата „Рузвелтова“ во Битола, која води на Широк Сокак, директно на плоштадот „Гоце Делчев“ и на која се наоѓаат ретки староградски градби, поради кои и се реконструира, а наскоро ќе добие нов репрезентативен лик, најавија од тамошната локална самоуправа. -Реконструктивниот зафат на улицата „Рузвелтова“ го вршат локалните комунални преторијатија „Нискоградба“ и „Водовод“ кои ќе извршат целосна промена на канализационата мрежа, водоводните инсталации и улично осветлување со промана на електро водовите од надземни во подземни. Вредноста на овој проект изнесува околу 6 милиони денари, информираа од секторот за односи со јавност на Општина Битола. „Рузвелтова“ се наоѓа во централното градско јадро, од едната страна е куќата на некогашниот Пионерски дом како ретка архитектонска градба, а од другата страна со иста голема архитектонска вредност, зградата на Работничкиот Универзитет „Крсте П. Мисирков“.мт/свс/

Остани поврзан