• понеделник, 23 декември 2024

Во Битола се отвора „Паркинг кино“

Во Битола се отвора „Паркинг кино“

Битола, 7 јули 2023 (МИА) - Во Битола вечер прв пат во градот ќе биде отворено „Паркинг кино“, проект на Cinemac институт за филм и кино култура од Битола.

Киното на отворено со возила е лоцирано на паркингот на улицата „Тодор Скаловски“ бр. 8 во поранешнта касарна и ќе биде промовирано вечер во 19.30 часот, а веднаш по свеченоста ќе биде емитуван македонскиот игран филм „Кајмак“ на Милчо Манчевски.

Организторите соопштуваат дека киното има програма за 4 вечери неделно во период од 3 месеци, со два капацитети за седење, партерно уредување за индивидуално седење до 150 гледачи, и гледање кино претстави од макимум 84 паркирани возила.

Проектот е непрофитен, секоја продажба на влезници, концесиска продажба на храна и пијалоци се по малопродажни цени, спонзорства и донации, и се исклучиво за подмирување на оперативните трошоци и за програмата. мт/мд/

Фото: Фејсбук на „Паркинг кино“ Битола 

Остани поврзан