Во Битола при ископ откриени 292 неексплодирни гранати од Првата светска војна
- Во Битола при ископ на канал за инсталирање цевковод на топлификација, пронајдени се 292 гранати од Првата светска војна.

Битола, 26 февруари 2025 (МИА) - Во Битола при ископ на канал за инсталирање цевковод на топлификација, пронајдени се 292 гранати од Првата светска војна.
Од Регионалниот ЦУК - Битола потврдија дека гранатите се откриени за време на градежни работи и се пријавени на Единствениот повикувачки број за итни повици 112.
-Добиена е пријава за пронајдени неексплодирани убојни средства НУС на ул. „Баталјон Стив Наумов“ бр.22 во Битола. Веднаш пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување-ДЗС Битола изврши проверка и обезбедувањето на местото бидејќи се работи за поголема количина на НУС и истите ќе бидат подигнати во текот на денешниот ден, потврди Стефан Ѓоргиев од ДЗС- Битола..
Согласно стандардни оперативни процедури, СВР Битола вршат обезбедување на пронајдените НУС до нивно безбедно отстранување. мт/мд/
фото: МИА