• четврток, 19 март 2026

Во Битола потпишан Меморандум за соработка меѓу Министерството за здравство и УКЛО

Во Битола потпишан Меморандум за соработка меѓу Министерството за здравство и УКЛО

Битола, 18 март 2026 (МИА) - Министерот за здравство, Азир Алиу и деканот на Факултетот за информатички и комуникациски технологии, проф. д-р Благој Ристевски потпишаа Меморандум за соработка меѓу Министерство за здравство и Универзитетот „Св. Климент Охридски“ Битола.

Значајна димензија на овој Меморандум е дигиталната трансформација на здравството, соопштија потписниците по завршувањето на денешната заедничка средба.

- Водени од потребата за меѓусебна координација и партнерство, ја продлабочуваме соработката со цел поефикасно спроведување на законски утврдените обврски. Овој чин претставува јасна потврда на нашата заедничка определба за институционална соработка и на заедничката визија за модерен, ефикасен и одржлив здравствен систем. Убеден сум дека ова партнерство ќе донесе конкретни резултати – подобро едуцирани кадри, иновативни решенија и поефикасен здравствен систем во служба на граѓаните, изјави министерот Азир Алиу.

 Преку примена на современите технологии, заеднички ќе работиме на зголемување на ефикасноста, транспарентноста и квалитетот на здравствените услуги во нашата држава, информираа од Министерството за здравство.са/

Фото: Министерство за здравство

 

Остани поврзан