Во Берово промовирани резултатите од инвестицискиот проект „Реконструкција и адаптација на Дом за стари лица“
- Во Берово промовирани резултатите од реализираниот инвестициски проект „Реконструкција и адаптација на Дом за стари лица, Берово 4-та ламела, Општина Берово“ финансиран од грантовата шема во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ – II фаза, поддржан преку Министерство за локална самоуправа, швајцарската агенција за развој и соработка и ко-финансиран од општина Берово.
Берово, декември 2024 (МИА) – Во Берово промовирани резултатите од реализираниот инвестициски проект „Реконструкција и адаптација на Дом за стари лица, Берово 4-та ламела, Општина Берово“ финансиран од грантовата шема во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ – II фаза, поддржан преку Министерство за локална самоуправа, швајцарската агенција за развој и соработка и ко-финансиран од општина Берово. Увид во активностите денеска во присуство на амбасадорката на Швајцарија во Скопје, претставници на Источно планскиот регион и градоначалници од регионот, изврши министерот за локална самоуправа Златко Перински, кој рече дека станува збор за проект со кој се покажува грижата за сите граѓани на Македонија.
- Оваа инвестиција опфати целосна реконструкција на 4-тата ламела на Домот овде во Берово. Посебно сум горд зошто овој проект од регионално значење, затоа што овде престојуваат корисници скоро од сите локални самоуправи од Источниот регион. Грижата на персоналот кој работи овде во овој дом за стари лица, не мотивира да во иднина планираме на домодернизација на вакви објекти, затоа што како држава и тоа како имаме потреба од истите. Им посакувам успешна работа на оние кои ќе се грижат за овие корисници на услугите на овој дом и секако долги години граѓаните да ги користат овие услуги, на кои им посакувам во еден спокоен амбиент да ги поминат своите денови. Овој проект немаше да биде реализиран без нашите швајцарски пријатели и се надевам дека и во иднина ќе имаме можност заеднички да развиваме вакви центри, рече Перински.
Амбасадорката на Швајцарија, Вероник Хулман исто така посака пријатен престој на сите семејства кои ќе престојуваат во Домот.
- Многу сме благодарни за соработката успешната инвестиција и се надеваме на многу успеси на понатамошна соработка со градоначалниците. Успеваме да обезбедиме со овој проект нови 24 легла од проектот кој почнал уште од 2021 година. Посакуваме многу успеси на семејствата кои ќе престојуваат овде, рече тааа.
Градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски истакна дека на негово огромно задоволство се става во функција уште еден објект, кој ќе биде во корист на граѓаните на Берово, Малешевијата, Источниот регион и пошироко.
- Во реализацијата на овој проект, беа вклучени повеќе страни. Во таа смисла сакам да упатам благодарност до Швајцарската агенција за развој и соработка, Влада на РСМ, Министерството за локална самоуправа, Министерството за социјална политика демографија и млади и Центарот за развој на источниот плански регион, кои заедно со Општина Берово успеаја да опремат уште еден објект и заеднички да обезбедиме 28 легла за нови корисници, рече Пекевски додавајќи дека Домот за стари лица во Берово, е единствената установа од ваков тип во регионот и затоа според него проширувањето на капацитетите е од големо значење за старите лица во регионот, бидејќи побарувачката постојано расте и се повеќе луѓе го прифаќаат ваквиот начин на живот, кој од една страна нуди можности за современ престој, а од друга страна овозможува безгрижност за семејствата.
Проектот беше идентификуван како еден од приоритетните проекти на спроведените регионални форуми во 2022 година и по добиената поддршка од Советот за развој на Источен плански регион, за истиот од јануари 2023 година се започна со негова реализација. Важноста на проектот според претставникот на Источно планскиот регион Зуица Ангелова се гледа во повеќе аспекти.
- Како прво населението во Источниот регион бележи големо намалување, во периодот помеѓу два пописи на население имаме намалување на околу 30 000 жители. Вториот процентот на младо население е во опаѓање, додека пак процентот на возрасно население, над 65 години е значително поголем во однос на државниот просек. Трето процесот на миграција на млади лица, не го заобиколи ниту нашиот регион, нивното отсуство неминовно ја идентификува потребата од соодветна грижа за нивните родители. Регионот „старее“, а постоечките капацитети за згрижување на стари лица ниту од далеку не ги задоволуваат потребите. Поради тоа, нашиот регион и во периодот што следува ќе води грижа за унапредување на социјалната заштита и грижата за старите лица, рече Ангелова.
Според неа климатски услови во општините во регионот вклучувајќи го и Осоговието се одлични „Воздушни бањи“ и имаат потенцијал за објекти од ваков тип. Според неа овој регионален проект е пример за успешна соработка помеѓу централната, локалната власт и Центарот за развој на Источен плански регион кои со поддршка од националниот буџет и странскиот донатор овозможија Домот „Д-р Иван Влашки“ да добие проширување и услови за престој по сите стандарди.
- Во овој момент официјално се заврши со реконструкција и адаптација на IV-тата ламела со површина од 750 м2, објектот е опремен дополнително со мебел (сериски мебел и мебел по нарачка) со текстилни производи за корисниците а во периодот што следува до февруари 2025 година, врз основ на претходна согласност од Донаторот и МЛС, дополнително ќе се набават медицински производи, адаптирано моторно возило за лицата со физички хендикеп и ќе се инсталираат автоматски дизел електрични агрегати за непречено обезбедување со електрична енергија на целиот објект.
Домот застари лица во Берово како што дополни директорката Живка Каламадевска Бојчовска осега има згрижено 39 корисници.
Вкупната вредност на проектот е нешто повеќе од 23 милиони денари од кои, 11.015.000,00 средства од МЛС, 8.949,000,00 денари средства од СДЦ ослободени од ДДВ и околу 3 милиони денари од буџетот на општина Берово. вс/ир/
Фото: МИА архива