• понеделник, 23 декември 2024

Во Берово почнаа Работничките спортски игри во мал фудбал

Во Берово почнаа Работничките спортски игри во мал фудбал
Берово, 9 февруари 2020 (МИА) - Во Берово вечер почна турнирот во мал фудбал што се одржува во рамките на Работнички спортски игри 2020. Игрите ги отвори беровскиот градоначалник, Звонко Пекевски, кој на вкупно десет екипи од Берово и Пехчево им посака успешно фер плеј натпреварување.
-Турнирот има за цел подобрување на соработката меѓу институциите во Општина Берово и Пехчево, и подигање на спортскиот дух на граѓаните на двете општини. Како општина за првопласираните екипи како и за најдобриот играч, стрелец и голман на турнирот, се обезбедени пригодни награди од Општина Берово, рече Пекевски на отворањето на игрите.
Оваа година, како што информираат организаторите, во рамки на турнирот сите екипи ќе одиграат меѓусебно по бод систем, потоа првите 4 екипи ќе извлекуваат ждрепка, за полуфинале, a полувремињата ќе бидат по 15 минути, по барање и усогласување со сите екипи.
Првото коло официјално почна со натпреварот меѓу екипите на ЈПКР „Услуга“ и Малешевски еснафи од Берово.вс/бт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан