• недела, 15 декември 2024

Во Берово најстудено, најтопло во Претор и Гевгелија

Во Берово најстудено, најтопло во Претор и Гевгелија

Скопје, 14 декември 2024 (МИА) - Во Берово утрово се измерени - 5 степени Целзиусови, во Претор и во Гевгелија 1 степен. Висината на снежната покривка на Попова Шапка е 40 сантиметри.

Во Крива Паланка, Скопје-Петровец, Маврови Анови и Лазарополе се измерени -4 степени,  -3 Велес, Демир Капија, -2 Кавадарци, Попова Шапка, Крушево, Струмица, Прилеп, Куманово, Скопје-Зајчев Рид, Битола и Штип, -1 степен во Охрид, Виница и 0 во Тетово и Дебар. 

Висината на снежната покрива во 07 часот е 27 сантиметри во Маврови Анови и 4 во Крушево.

Времето денеска ќе биде променливо облачно, наутро со услови за магла или ниска облачност по котлините. Од пладневните часови од запад ќе се прошрат повремени врнежи од дожд, а на планините особено во западните делови врнежите ќе бидат од снег. Повремени врнежи ќе има и преку ноќта. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер претежно од југоисточен правец.

Максималната температура ќе достигне од 6 до 14 степени.

Во Скопје умерено до значително облачно од пладневните часови со услови за краткотарен дожд во делови од котлината. Максималната температура ќе достигне до 9 степени. цр/

Фото: МИА архива

Остани поврзан