• понеделник, 23 декември 2024

Во Белград отворени Денови на македонската култура со првата театарска престава на Македонците во Србија

Во Белград отворени Денови на македонската култура со првата театарска престава на Македонците во Србија
Скопје, 23 мај 2021 (МИА) - Во Белград е отворена јубилејната 10 манифестација Денови на македонската култура „Допир на Македонија“ во рамки на која премиерно беше изведена театарската претстава „Ветер во тапетите“. Тоа е прва театарска претстава на македонската заедница во Србија реализирана во продукција на Здружението Македониум и Форумот на младите Македонци во Србија, јави дописникот на МИА од Белград. -Целта на манифестација Денови на македонската култура е промовирање и афирмирање на македонската култура, традицијата, јазикот и обичаите во главниот град на Србија. Со оглед на коронавирусот, годинава имавме ревидирана програма. Но, сепак успевме да ги застапиме сите жанрови на културата, и со нашите сонародници, Македонци во Белград и со нашите белградски пријатели, да ги споделиме нашите дострели во културата, изјави Елисаета Ивановиќ, потпретседател на Здружението на Македонците во Белград „Македониум“, организатор на оваа манифестација. Претставата „Ветер во тапетите“ изведена во Народниот театар во Белград на сцената „Раша Плаовиќ“, е двојазична, на српски и на македонски јазик. Сценариото и режијата е на Зоран Митровиќ, млад белградски глумец со македонско потекло. Заедно со својот колега Немања Симиќ тие ја водат публиката низ возбудлива театарска двојазична авантура, исполнета со комични и сетни елементи, а сосема природно и спонтано се приклучува и самиот менталиет на обичниот човек, припадник на српската и македонската националност. -Мотив за преставата беше да ги урнеме бариерите кои постојат меѓу народите, не само меѓу македонскиот и српскиот, туку меѓу сите народи на Балканот, кои постојано се ѕидаат, постојано ги правиме. Ние со оваа двојазична престава сакаме да пратиме една порака дека бариери не постојат и дека бариерите се длабоко во нас, изјави сценаристот, режисер и актер на престава, Зоран Митровиќ. Манифестацијата „Допир на Македонија“ во Белград продолжува наредната недела со свечена академија посветена на Св.Кирил и Методиј, со омаж на поетесата Душица Илин Шеќеровска, изложба на слики на Елисавета Георгиева Јордановска и со Деновите на македонскиот современ филм. об/мд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан