• понеделник, 23 декември 2024

Во Белата куќа згрозени од извештаите за откриена масовна гробница во Изјум

Во Белата куќа згрозени од извештаите за откриена масовна гробница во Изјум

Вашингтон, 16 септември 2022 (МИА) - Извештаите за откриена масовна гробница од повеќе од 440 тела, многумина од нив цивили, во Изјум, град неодамна ослободен од украинските сили во нивната офанзива во источна Украина, се „ужасувачки“, изјавија денеска од Белата куќа. 

Според Џон Кирби, координатор по стратегиски комуникации во Советот за национална безбедност, направените злодела се „одвратни“ и „ужасувачки“. 

- За жал, ова е во чекор со изопаченоста и жестокоста со која руските сили ја водат оваа војна против Украина и украинскиот народ, изјави тој денеска на брифингот во Белата куќа. 

Кирби рече дека САД продолжуваат со „активна поддршка на напорите за документирање на воените злосторства и ѕверствата извршени од руската војска во Украина, и дека асистираат во националните и меѓународните напори за идентификување на Русите и нивно повикување на одговорност. кб/паг/ 

Остани поврзан