• недела, 22 декември 2024

Во Атина уапсени две лица кои пуштале во продажба ковид тестови и медицински маски со изменет рок

Во Атина уапсени две лица кои пуштале во продажба ковид тестови и медицински маски со изменет рок

Атина, 24 мај 2024 (МИА) – Грчката полиција во Атина уапсила две лица, странски државјани, кои пуштале во продажба медицински маски и ковид тестови на кои им ги менувале датумите на производство и рокот на траење, а процените се дека нелегално се стекнале со 1,6 милиони евра, јави дописничката на МИА од Атина.

Биле откриени и одземени 351.000 селф тестови за Ковид, 2.500.000 медицински маски и 120.000 налепници-етикети од странска фармацевтска индустрија. 

- Според Националната агенција за лекови, промената на датумите на производство и на траење, како и условите за складирање, транспорт и ракување со производите, ги прават медицинските маски и тестови опасни за јавното здравје, соопштија од грчката полиција. ср/паг/

Фото: Грчка полиција

Остани поврзан