• сабота, 18 мај 2024

Во Австралија треба да се евакуираат 200.000 лица поради обилни дождови

Во Австралија треба да се евакуираат 200.000 лица поради обилни дождови
Канбера, 3 март 2022 (МИА) – Евакуација на околу 200.000 лица поради обилни врнежи, наредија австралиските служби за вонредни ситуации. Досега, загинаа 13 лица. Властите предупредија на обилни врнежи од дожд и силни ветрови на подрачје од 400 километри, што се протега долж источниот брег на Австралија, вклучувајќи ги и предградијата на Сиднеј, најголемиот град во земјата - со пет милиони жители. Обилни дождови паѓаат на источниот брег повеќе од недела дена, меѓу државите Квинсленд и Нов Јужен Велс, каде властите наредија евакуација на околу 200.000 лица, а околу 300.000 биле повикани да бидат во готовност. Австралија е област што е многу погодена од климатските промени. Во земјата сè почести се сушата, шумските пожари, поплавите, како и избелување на Големиот корален гребен. бд/

Остани поврзан