• вторник, 26 ноември 2024

Во Австралија една-четвртина од заразените не го почитуваат карантинот

Во Австралија една-четвртина од заразените не го почитуваат карантинот
Мелбурн, 31 јули 2020 (МИА) - Една-четвртина од луѓето заразени со Ковид-19 во австралиската сојузна држава Викторија не ја почитува забраната за напуштање на домот, изјави премиерот на најпогодениот австралиски регион Даниел Ендрјуз. Тој посочи дека здравствените инспектори во изминатите два дена провериле повеќе од 500 лица кои биле позитивни на новиот коронавирус и од кои било побарано да не ги напуштаат домовите, а 130 лица ја игнорирале забраната за излегување. Ендрјуз додаде дека полицијата покренала пријави против повеќе од 100 лица кои ја прекшиле забраната за напуштање на домот, а 124 лица се казнети со 1.300 австралиски долари поради кршење на здравствените одредби. Во Викторија регистрирани се 627 новозаболени лица во изминатите 24 часа, додека во четвртокот имаше 723. Другите австралиски сојузни држави ги затворија границите со Викторија. ми/

Остани поврзан