Во Абе пукаше поранешен припадник на јапонската морнарица
- Поранешниот премиер на Јапонија, Шинѕо Абе е застрелан додека држеше говор за време на предизборна кампања во градот Нара
Токио, 8 јули 2022 (МИА) – Поранешниот премиер на Јапонија, Шинѕо Абе е застрелан додека држеше говор за време на предизборна кампања во градот Нара.
Напаѓачот е 41-годишниот Тацуја Јамагами од Нара, кој е уапсен по инцидентот. Според неофицијални информации, атентатот е извршен со рачно изработен пиштол.
Фуџи ТВ објави дека Јамагами бил поранешен припадник на јапонската морнарица.
Врз Абе беа истрелани два куршума, а вториот куршум го погодил во грб. Тој бил префрлен во болница, но не покажувал знаци на живот.
Абе е јапонски премиер со најдолг стаж. Тој беше премиер една година во 2006 година, а потоа од декември 2012 до септември 2020 година, кога се повлече од функцијата поради здравствени проблеми. Абе беше наследен од неговиот партиски сојузник Јошиде Суга, а подоцна од Фумио Кишида. ми/