Вонредни прекини на струја во Киев и 11 региони поради руските воздушни напади
- Според локалните медиуми, за многу населби во Киев ова значи дека ќе имаат струја околу 12 часа во текот на денот. Во многу станови, водоснабдувањето се прекинува заедно со електричната енергија.
Киев, 29 август 2024 (МИА) - Украина значително ги прошири вонредните рестрикции на струја по неколку ноќи на руски воздушни напади насочени кон енергетскиот сектор на земјата, соопшти денеска државниот оператор Укренерго.
Струјата ќе биде исклучена за потрошувачите во Киев и уште 11 региони во источна и централна Украина, вклучувајќи ги Харков, Полтава, Днипропетровск и Запорожје, на подолг временски период, се наведува во соопштението на компанијата.
„Претходните планови за постепени исклучувања се привремено суспендирани“, соопшти Укренерго.
Според локалните медиуми, за многу населби во Киев ова значи дека ќе имаат струја околу 12 часа во текот на денот. Во многу станови, водоснабдувањето се прекинува заедно со електричната енергија.
Голем број продавници, ресторани и банки обезбедуваат струја за најнужни потреби со помош на дизел генератори.
Руската армија предизвика дополнителна штета на украинскиот енергетски систем со масовните воздушни напади извршени во понеделникот и вторникот. ссм/
фото: архива