• понеделник, 23 декември 2024

Вонредна седница на советот на општина Куманово по повод трагичниот настан во Романовце

Вонредна седница на советот на општина Куманово по повод трагичниот настан во Романовце
Куманово, 24 февруари 2020 (МИА) - Советот на општина Куманово денеска ќе одржи вонредна седница по повод вчерашниот трагичен настан во село Романовце, информираа од општина Куманово. Седницата е закажана за во 13:00 часот. Вчера, на клиникатa во Скопје почина и 58-годишен пациент, кој беше во критична состојба по експлозијата на плинска боца во семејна куќа во Романовце. Ова е четврт смртен случај. Во семејната куќа во Романовце, од пожарот од експлозијата на плинската боца починаа три деца на возраст од осум, девет и единаесет години, седум лица беа повредени и префрлени на лекување на скопските клиники.ам/бт/

Остани поврзан