• недела, 22 декември 2024

Во Мали убиени двајца припадници на мисијата на ОН

Во Мали убиени двајца припадници на мисијата на ОН
Њујорк, 3 јуни 2022 (МИА) – Двајца припадници на мировните сили на Обединетите нации загинаа денеска во Мали, а двајца се повредени кога нивното возило било погодено од импровизирана експлозивна направа. Според портпаролот на Светската организација Стефан Дијарик, ова е шести инцидент откако на 22 мај беше нападнат конвој на ОН. Еден член на мировната мисија на ОН беше убиен во напад во Мали во средата, додека тројца беа повредени. јт/

Остани поврзан