• понеделник, 23 декември 2024

Волф: Мерцедес нема да ги надградува болидите до трката во Имола

Волф: Мерцедес нема да ги надградува болидите до трката во Имола

Лондон, 1 април 2023 (МИА) – Директорот на тимот на Мерцедес во Формула 1, Тото Волф, изјави за Скај спорт дека болидите на германскиот тим нема да имаат надградба пред трката во Имола.

Трката за Големата награда на Емилија Ромања во Имола е на програмата на 21 мај.

„Правиме добри чекори и развојот на настаните е добар, но морате да ги придвижите, произведете. Така што мислам дека нема да ги претставиме (болидите) пред Имола“, рече во петокот Волф.

Првиот човек на Мерцедес додаде дека не треба да се очекува оти промените во болидите ќе направат чудо.

„Сакаме да го направиме тоа како што треба. Не треба да се очекува чудо. Следните три трки, вклучувајќи ја и Австралија, нема да додаваме какви и да е перформанси, станува збор за најдобрите решенија за нагодување, гумите, и сè тоа да биде во вистински момент. Нема да биде лесно, потребно ќе биде време, но знаеме во која насока се движиме“, истакна првиот човек на Мерцедес. ег/сд/

Остани поврзан