• петок, 22 ноември 2024

Володин: По одлуката на САД за запленување руски средства, Русија има основ да конфискува имот на Западот

Володин: По одлуката на САД за запленување руски средства, Русија има основ да конфискува  имот на Западот

Москва, 22 април 2024 (МИА) - Русија сега има основа да заплени имот на Западот, откако Претставничкиот дом на САД усвои закон со кој се дозволува потенцијален трансфер на замрзнати руски средства во Украина, изјави претседателот на Државната дума, Вјачеслав Володин, цитиран од британските медиуми.

-Вашингтон донесе закон за конфискација на руски имот за да ја испровоцира Европската унија да ја донесе истата одлука, што ќе биде погубна за европската економија, рече Володин. „Нашата земја ги има сите основи да донесе симетрична одлука во однос на странските средства“, додаде тој.

Претседателот на руската Дума изјави дека од 280 милијарди долари замрзнати руски средства во странство, само пет-шест милијарди се наоѓаат во САД, додека околу 224 милијарди долари (210 милијарди евра) се во ЕУ.

Претходно, американскиот телевизиски канал Ен-Би-Си објави дека Претставничкиот дом го усвоил таканаречениот „Закон РЕПО“ (REPO Act), што и дозволува на владата на американскиот претседател Џо Бајден да ги конфискува руските средства лоцирани во американските банки и да обезбеди реконструкција на Украина. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан