• вторник, 03 февруари 2026

Возач со 1,81 промили алкохол приведен во Неготино

Возач со 1,81 промили алкохол приведен во Неготино

Неготино, 26 јануари 2026 (МИА) - Со 1,81 промили алкохол во крвта возел во Неготино, доцна синоќа бил приведен жител на неготинското село Криволак, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.

- Синоќа во 23:30 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР - Неготино го лишија од слобода Р.А., на возраст од 41 година од село Криволак, неготинско. При сообраќајна контрола на булеварот „Маршал Тито“ во градот е сопрено патничко возило „фолксваген пасат“ со неготински регистарски ознаки, што го управувал и по преземени мерки, констатирано е дека е под дејство на алкохол. Измерени му се 1,81 промили алкохол во крвта, соопштија од СВР - Велес.

Оттаму додадоа дека по целосно документирање на случајот, против него ќе била поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“. свд/дма/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан