Водата во Скопје квалитетна и безбедна за пиење
- Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење, покажуваат податоците од направените анализи на 211 примероци од 47 мерни места.
Скопје, 30 јуни 2025 (МИА) - Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење, покажуваат податоците од направените анализи на 211 примероци од 47 мерни места.
-Секторот за санитарна контрола во периодот од 23 до 27 јуни 2025 зема 211 примероци за физичко-хемиска и 211 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 47 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци офговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, се вели во соопштението од „Водовод и канализација“ - Скопје.
Јавното претпријатие, како што се наведуваат оттаму, со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, овие податоци ги објавува во неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. дма/са/
Фото: ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје