ВОА: Бајден бара од Конгресот дополнителни 24 милијарди долари помош за Украина
Вашингтон, 3 декември 2024 (МИА) - Претседателот Џо Бајден побара од Конгресот дополнителни 24 милијарди долари за поддршка на Украина и за надополнување на резервите на оружје на САД, изјавија за Гласот на Америка двајца американски претставници, додека администрацијата во понеделникот продолжи со новите пакети помош од последните средства одобрени од Конгресот за Киев пред Бајден да ја напушти функцијата на 20 јануари.
Официјални лица кои го виделе барањето на администрацијата, под услов да останат анонимни за да разговараат за деталите, изјавија за Гласот на Америка, дека новата поддршка ќе вклучи 16 милијарди долари за обновување на американското оружје во рамките на овластувањето за повлекување на претседателот (ПДА) на Пентагон, заедно со 8 милијарди долари за производство на оружје според Иницијативата за безбедносна помош на Украина, која се фокусира на обезбедување на долгорочните одбранбени потреби на Киев.
„Ова финансирање не само што ја поддржува борбата на Украина за нејзиниот суверенитет и ги деградира руските воени капацитети, туку и ја зајакнува воената подготвеност на САД со модернизирање на нашите системи за оружје и со директни инвестиции во нашата одбранбена индустриска база“, изјави за Гласот на Америка синоќа претставник на американската одбрана. зш/