• петок, 14 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

ВМРО - ДПМНЕ: Корумпираните судии и обвинители ги штитат тендер партнерите на СДС, ДУИ и мазут мафијата која го труела народот, неопходни се суштински реформи во судскиот систем

ВМРО - ДПМНЕ: Корумпираните судии и обвинители ги штитат тендер партнерите на СДС, ДУИ и мазут мафијата која го труела народот, неопходни се суштински реформи во судскиот систем

Скопје, 14 март 2025

 

 

Обвинителите и судиите избрани во Мала Речица и Бихаќка го штитат криминалот на функционерите од СДС и ДУИ и мазут мафијата која користела канцероген мазут и го труела народот поради екстра профит.

Трансакциони судии и обвинители избрани во Струмица и Зајас ги штитат политичките елити и моќниците од бизнис фелата, кои преку набавка на мазут за електрани и ТЕЦ Неготино сториле криминал тежок 167 милиони.

Тендер партнерите на СДС и ДУИ го труеле народот со канцероген мазут, а мазут мафијата изминатите пет години склучила вкупно 1776 договори за јавни набавки во вкупен износ од 137 милиони евра.

Мазут мафијата, додека го труела народот со канцероген мазут, екстра профитирала од криминално злоупотребените државни пари.

Судскиот систем ги заштитува функционерите од СДС и ДУИ и не дозволува законите да функционираат еднакво за сите, а поради таквите одлуки довербата во правосудството е два проценти.

Спрегата правосудство- СДС- ДУИ и мазут мафијата, мора да се прекине.

Неопходни се суштински реформи во судскиот систем, владеење на правото и правдата мора да функционира. Неопходно е да се врати довербата на граѓаните во институциите.

 

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: МИА архива

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан