• понеделник, 23 декември 2024

ВМРО-Народна партија: Францускиот предлог е досега најдобриот во последните неколку години

ВМРО-Народна партија: Францускиот предлог е досега најдобриот во последните неколку години
Скопје, 3 јули 2022 ВМРО-Народна партија ги разбира сите оние кои се против францускиот предлог и против напредокот на Македонија на европскиот пат. Меѓутоа неможе да ги разбере оние политичари и интелектуалци кои со сила и свесно, најверојатно поради партиски причини, сакаат да ги манипулираат македонските граѓани. Како што видовме во вчерашните реакции најмногу се манипулира со местото на македонскиот јазик во понатамошниот наш пат кон Европската унија. Ако нешто е кристално јасно во овој договор тоа е дека македонскиот јазик е кристално чисто дефиниран и тоа ќе биде јазикот со кој понатаму Македонија ќе комуницира и договара со целиот свет. На крајот на краиштата излегува дека всушност најголемиот проблем на овој предлог е што бугарското малцинство треба да влезе во Уставот на Реублика Северна Македонија. А ако на некој тоа му пречи тогаш за тоа ќе треба да се прави посебна анализа. Околу правните процедури дека можеле пак да ни стават вето сакаме да потсетиме дека тоа не е поради овој договор туку поради реформите кои Европската унија ги направи пред три години, на иницијатива на Франција. Таа можност апсолутно не е предизвикана од страна на нашиот источен сосед. Затоа ВМРО-Народна партија уште еднаш смета дека францускиот предлог е досега најдобриот предлог во последните неколку години откако излезе спорот со соседна Бугарија. И уште еднаш повикуваме да се престане со манипулациите и создавањето на атмосфера на драма и трагедија која во минатите триесет години барем четири пет пати сме ја гледале за разни теми и на крајот сме плаќале уште поскапа цена. Центар за комуникации на ВМРО-Народна партија ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан