• понеделник, 23 декември 2024

ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи Предлог-законот за финансиска стабилност, но продолжува со активната блокада на Собранието

ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи Предлог-законот за финансиска стабилност, но продолжува со активната блокада на Собранието
Скопје, 25 мај 2022 (МИА) – Пратеничката група на ВМРО–ДПМНЕ ќе го поддржи дополнетиот Предлог-закон за финансиска стабилност, по кој и на денешното продолжение на 71. пленарна седница дискутираат пратениците. Сепак, најавија дека продолжуваат со активната блокада на Собранието и бараат брзи предвремени парламентарни избори за излез, како што нагласија, од економската и финансиска криза невидена од осамостојувањето на државата досега. Пратениците од ВМРО–ДПМНЕ кои денеска говореа на седницата беа едногласни дека оваа Влада е без визија, стратегија и акциски план, се фокусира само на партиска агенда, а е главниот виновник за инфлацијата од 10,5 проценти, за економска, финансиска, здравствена, образовна криза..., за покачувањето на цените на сите основни производи од најмалку 30 проценти, за нови 30 илјади вработувања во администрацијата. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески, Марија Петрушевска, Дафина Стојановска, Благица Ласовска, Даниела Ристова и другите од оваа пратеничка група, кои дискутираа за финансиската стабилност, оценија дека парламентарното мнозинство и  Владата, е синоним за финансиска нестабилност и не очекуваат да донесат никаква стабилност, особено не финансиска.  Обвинија за криза во економијата, здравството, енергетиката, дополнителната топлинска криза, кризата во правосудството, во образованието, во земјоделствто, а рекоа и дека нема проекти за граѓаните и за стопанството, за мали и средни бизниси, за намалување на вработеноста, за младите. Пратеникот Љупчо Димовски од Социјалистичката партија, не е убеден дека Владата би можела да најде начин да се справи со сите овие работи, затоа што, како што истакна, токму таа е генератор на финансискиот ризик, нестабилноста и финансиската изложеност на целата држава. Пред нас е, посочи тој, изгласување на ребалансот на Буџетот, кој согласно со Законот што ќе влезе за буџет, ќе имаме коализија на самиот закон и на овој за закон за финансиските правила. - Добро е што се носи Закон за финансика стабилност, но ние сме во ситуација да позајмуваме 900 милиони евра, што е прилично нелогично со оглед на екстремно високото задолжување што по тој основ би го имала нашата држава. Исто така, 300 милиони евра од девизните резерви се потрошени за да се покрие неспосбноста на менаџментот на РЕК Битола и на целиот енергетски стстем во Република Македонија, рече Димовски. Според пратеникот Иван Стоилковиќ од Демократската партија на Србите во Македонија, недостатокот на финансиска стабилност може да предизвика политичка дестабилизација и од тој аспект повика мобилизација на целокупната општествена структура и сериозен, како што рече, политички дијалог на главните политички чинители во државата за да можеме да одговориме на предизвиците. За генерално кризната состојба во која се наоѓа државата, рече Стоилковиќ,  потребна е отвореност за заедничко делување во однос на новонастанатите состојби, престанок на неконтролирано задолжување и посебно внимание во земјоделството. - Тоа е добра појдовна основа за се она што ќе се случува во наредниот период. Во спротивно недостатокот на политичкиот дијалог ќе се одрази и на економската и на финансиската стабилност во државата, рече меѓу другото пратеникот Стоилковиќ. На дневниот ред на седницата се и годишните извештаи за 2021 година за работата на Судскиот совет,  Државната комисија за спречување на корупцијата, како и извештајот на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2021 година. Пратениците треба да расправаат и за предлогот за кандидат за потпретседател на Собранието на Република Северна Македонија, како и за интерпелацијата за работата на претседателката на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Соња Мираковска. На дневен ред е и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за трговија, по скратена постапка, како и Предлог-законот за дополнување на Законот за животната средина и Предлог-законот за изменување на Законот за работните односи. цр/лв/

Остани поврзан