ВМРО-ДПМНЕ: Трендафилов работи на штета на работниците, ги користи за свои лични интереси и да одработува за СДС
- СООПШТЕНИЕ - Портпаролот на СДС и претседателот на ССМ, Трендафилов очајнички продолжува да работи стриктно во интерес на опозицијата, а не на работникот. Благодарeние на СДС тој стана нелегално претседател на ССМ, молчеше додека тие беа на власт и додека граѓаните живееја со 150 денари на ден, а сега како на дугме се појавува во јавноста и ја напаѓа власта неаргументирано.
Скопје, 14 март 2025
Портпаролот на СДС и претседателот на ССМ, Трендафилов очајнички продолжува да работи стриктно во интерес на опозицијата, а не на работникот.
Благодарeние на СДС тој стана нелегално претседател на ССМ, молчеше додека тие беа на власт и додека граѓаните живееја со 150 денари на ден, а сега како на дугме се појавува во јавноста и ја напаѓа власта неаргументирано.
Тој е единствениот синдикалец на кого му штети покачувањето на платите. Само тој и СДС се против зголемување на платите, односно се докажува дека се координирани.
Неговите илузорни барања кои не се поткрепени со анализи и се неаргументирани, туку се воедначени со барањата на СДС, се далеку од реалноста и затоа Трендафилов продолжува да ги пренесува интересите на СДС како нивен портпарол.
Трендафилов треба да одговори дали сам си ја зголемил платата над 1000 евра и дали секој месец троши над 30 илјади денари за службено возило на релација Велес кон Скопје? Дали лицемерноста на Трендафилов е иста како и на СДС?
Портпаролот на СДС Трендафилов, воопшто не знае како е да се биде работник во државата, ниту пак знае како е да се биде во нивна кожа. Него го интересираат само политичките игри сервирани од Бихаќка.
Заврши времето на како до сега, Трендафилов да се соземе.
Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Фото: МИА архива
__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.