• сабота, 21 декември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се крие зад лажниот патриотизам

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се крие зад лажниот патриотизам

Скопје, 7 август 2024

Визионерските политики на ДУИ се јасни како бел ден дури и на милионерите внуци на Ахмети, ограби ја и уништи ја државата и криј се зад лажниот патриотизам.

Визионерските политики на ДУИ се јасни како бел ден дури и на милионерите внуци на Ахмети, ограби ја и уништи ја државата и нејзините институции, па криј се зад лажниот патриотизам. 

Изјавата на Арбр Адеми е трагикомична и може да послужи како пример на отсутен политичар. 

Ако визијата на ДУИ е да се иселат над 150 илјади Албанци од државава колку што се иселени изминативе 20 години додека ДУИ е на власт тогаш јака визија имаат. 

Ако визијата е притоа милијардери да станат десеттина луѓе  од раководството и милионери, уште стотина тогаш треба да ја патентирааг визијата. 

Ако визијата е да ги срушат институциите од внатре и да ги пњачкаат злоупотребувајќи ја власта моќта и довербата на нивните гласачи, тогаш јака им е визијата. 

Ако визијата им е да станат зелени пошто ги решиле сите етнички прасања па после прави зашто се за ЕУ без притоа да дадат еден проект за животна средина и една проевропска реформа, тогаш јака им е визијата. Поради визијата на ДУИ над 70 проценти од Албанците во државава живеат тешко и едвај поминуваат месец, работат макотрпно, а трудот не им се исплати додека овие од ДУИ со визијата се богатат екстремно. 

И конечно, ако е визија тоа што ДУИ ги има во скут криминалците од врвот на СДС и ги уценува да не мозж да мрднат или кажат нешто нормално или да се спротистават на тоа што врвот на ДУИ и го прави на земјава, тогаш е тоа е вистинска визија.

Не треба човек да е генијалец за да ги сфати визионерските политики на ДУИ. Едноставни се како што едноставно и нивното делување, кради и ако гледаш ќе те фатат и се ќе излезе на виделина, протестирај.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Фото: МИА архива

Остани поврзан